Наша Правна Експертиза
Обезбедуваме правни услуги во повеќе области, со цел целосна правна поддршка за клиентите.
Кривично право
Застапување и одбрана во кривични и прекршочни предмети и преземање на потребни дејствија за заштита на правата на осомничени, обвинети и оштетени лица.
Трговско право
Регистрација на трговски друштва, здруженија на граѓани и други правни лица и нивно понатамошно застапување во текот на деловното работење; регистрација на подружници, статусни промени на трговски друштва, ликвидација и стечај, странски директни инвестиции, трансформации на заем во влог, изработка на интерни акти и договори на друштво, јавно–приватно партнерство и due diligence.
Облигационо право
Состав на преддоговори, договори и анекси, помош во врска со правата и обврските кои произлегуваат од договорите (исполнување, раскинување, поништување, ништовност и надомест на штета), наплата на побарувања и застапување на физички и правни лица пред надлежни судови во судски постапки произлезени во врска со оваа тематика.
Работни односи
Изготвување на договори за вработување, правилници за уредување на работен ред и дисциплина, систематизација на работни места, одлуки од областа на работните односи, правна помош во судски постапки во работни спорови за остварување на правата на работодавачите и на работниците (право на плата и други надоместоци), конкурентска клаузула, деловна тајна и други прашања од областа на работните односи.
Градежно право
Правна поддршка при градежни проекти (прибавување дозволи за градба, постапки за измени во тек на градба), договори за изведба, надзор и решавање на спорови во градежниот сектор, правна помош во преговори и подготовка на пред-договори и договори за заедничко инвестирање во градба.
Недвижности
Купопродажба, закуп, легализација, денационализација, откуп на градежно земјиште, упис и промена на правото на сопственост и други стварни права во јавните книги во Агенцијата за катастар на недвижности; и имотно-правни односи поврзани со недвижен имот.
Управно право
Поведување на управен спор, застапување и правна помош пред органите на државната управа заради остварување на права, како и заштита на интересите на странките во управните постапки.
Интелектуална сопственост
Правна помош за трговски марки, патенти и дизајни, заштита на правата од интелектуална сопственост и правна помош за авторски права, вклучително регистрација и застапување пред надлежните органи.
Наследно право
Иницирање и застапување во оставинска постапка, поведување на постапка за прогласување на тестамент и составување на наследно-правни договори, со грижа за интересите на наследниците.
Заштита на лични податоци
Правни консултации за компании: стручни совети за примена на законите за заштита на податоци, усогласување на законската регулатива со процесот на работа, идентификување на потенцијални ризици, изработка на документи за усогласено постапување согласно ЗЗЛП, услуги на офицер за заштита на личните податоци, и застапување пред Агенцијата за заштита на личните податоци и надлежните судови.
Имате правно прашање?
Закажете консултација и обезбедете стручна правна поддршка за вашиот случај.